Брендот Poco го претстави телефонот M3 Pro 5G во мај, а се чини дека компанијата е подготвена да го замени овојј модел со подобар. Наследникот ќе се вика Poco M4 Pro 5G, а сега за уредот се појавија неколку сертификати.

Сертификатите прво го потврдуваат споменатото име на телефонот – Poco M4 Pro 5G, како и бројот на моделот (21091116AG). Буквата G на крајот на ознаката покажува дека станува збор за глобална верзија на телефонот.

Сертификатите откриваат и дека телефонот ќе има поддршка за брзо полнење од 33W (M3 Pro 5G имаше опција за полнење од 18W). Изворите сугерираат и дека M4 Pro 5G ќе го покренува MediaTek чипсет, но не е прецизирано за кој чип станува збор.

Се очекува дека Poco M4 Pro 5G ќе биде објавен наскоро, со оглед на бројот на сертификати што ги добива телефонот. Повеќе детали би можеле да имаме во претстојните недели.