Истражувањата покажуваат дека 42% од вработените не се чувствуваат продуктивни при работа од дома, а 13% од нив велат дека им се намалила рамнотежата помеѓу приватниот живот и работата. Што може да се направи во насока да се врати балансот?

Потребно е да се разбере дека рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот не значи помалку работа, туку оптимизирање на процесот на работа со помош на иновативни пристапи и технологија.

Кои стратегии ги користи Мајкрософт како компанија за да креира култура каде што постои рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, а вработените да напредуваат во секое поле?

1. Приоретизирање на задачи

Една од најважните работи што менаџерот може да ја направи за да го подобри балансот помеѓу работата и приватниот живот е да му помогне на својот тим да даде приоритет на најважните задачи и да ги остави на страна тривијалните задачи со поставување на прашањето: Што е најважно и најитно да се заврши?

Важно е да се каже „НЕ“ на задачи што не се клучни за мисијата на компанијата. Ова значи помалку состаноци, повеќе време за фокусирање на приоритетни задачи а со тоа и повеќе слободно време.

Истражувањата покажуваат дека вработените кои не добиваат јасни насоки за приоритети од нивните менаџери се помалку задоволни со нивната рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот.

2. Повеќе паузи помеѓу состаноци

Најчесто вработените имаат 5 минути пауза помеѓу состаноци за да се напијат чаша вода, да се подготват за следниот повик или ментално да преминат на нова тема на разговор.

Истражувањата на Мајкрософт покажуваат дека помеѓу состаноци треба да има најмалку 10 минути пауза. Со тоа се намалува нивото на стрес кај вработените и се овозможува подобар фокус и ангажираност за време на состаноците.

3. Најважните состаноци не ги закажувајте во понеделник или петок

Како што паузите помеѓу состаноците, така и деновите на почетокот и крајот на секоја работна недела им помагаат на вработените во подобра транзиција помеѓу професионалното и слободното време.

На пример, утринските состаноци во понеделник вршат притисок врз вработените да се подготват за време на викендот, што придонесува за дебаланс помеѓу слободното време и работните обврски.

Многу тимови во Мајкрософт го назначија петок за ден без состаноци кога вработените ги финализираат клучните задачи за неделата и ментално се подготвуваат за претстојниот викенд.

4. Издвојте време за фокусирање

Предложете му на Вашиот тим проактивно да селектира часови за фокусирана работа на клучните задачи.

Издвојувањето на фокусирано време за работа им овозможува на вработените длабоко да навлезат во менталниот процес на задачата, без дистракции од закажани состаноци или од околината.

Ова значи и помалку работа што останува да се заврши по работното време.

5. Исклучување на нотификации после работно време

Охрабрете го Вашиот тим да го исклучи звукот на известувањата за службениот мејл или алатка за комуникација. Ова ќе го отстрани притисокот да се проверува е-поштата или пораките кога не се работни часови.

Воспоставете тимски норми за тоа кога се очекуваат одговори на пораки и мејлови, за никој да не се чувствува како постојано да е на повик.

Дури и ако некој од вработените преферира да работи навечер, нека користи одложено испраќање на мејловите за да не придонесе за нечиј стрес во доцните вечерни часови.

6. Охрабрете ги вработените да земаат повеќе слободно време

Активно разговарајте за начините како вработените добро да ги искористат своите денови за одмор.

Без разлика дали се работи за одмор, престој, денови за ментално здравје, денови за боледување или верски празници, одморот и полнењето батерии ќе го направи вработениот попродуктивен.

Како дел од оваа иницијатива, Мајкрософт вклучи 5 денови за ментално здравје, како додаток на редовниот одмор за да ги охрабри вработените да земат повеќе слободно време.

За да дознаете повеќе за истражувањето на Мајкрософт и стратегиите што ги користат за подобрување на рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот на своите вработени – https://hbr.org/2021/12/hybrid-tanked-work-life-balance-heres-how-microsoft-is-trying-to-fix-it.

Извор: Некст Медиа

„За повеќе теми и занимливости од слични области, посетете ја Медиа страната на Бреинстер Некст Колеџ