Американската вселенска компанија SpaceX покажа како ќе изгледа лансирањето на ракетата Starship.

SpaceX и директорот Eлон Маск објавија новости за Starship, а во текот на презентацијата е демонстрирано како ќе изгледа лансирањето на оваа ракета. Starship системот се состои од леталото Starship на врвот на Super Heavy ракетата, а SpaceX моментално работи на тоа целиот систем да може повторно и брзо да се користи за патување на Месечината и на Марс.

Откако ќе ја напушти Земјата, ракетата ќе се одвои и ќе се врати на лансирната кула, додека леталото ќе продолжи да патува до својата дестинација пред и тоа конечно да се врати на нашата планета.

Маск вели дека ракетата ќе мине во воздух 6 минути, две во лет кон горе и четири при спуштање, а во иднина овој систем би можел да се користи повторно на секои шест до осум часа за до три лансирања дневно.

Од SpaceX велат дека овој систем е брз и употреблив повеќе пати и е клучен за истражување ѕвезди. Во сегашната верзија Super Heavy има 29 Raptor мотори, но тој број ќе се зголеми на 33. Станува збор за втора верзија на Raptor мотори која има целосен редизајн, а чини двојно помалку и потребни се помалку делови.

Освен што може да понесе стотина тони товар во вселената, Starship може да донесе револуционерни промени во вселенските патувања, Маск откри дека лансирањето би чинело помалку од 10 милиони долари по лет и тоа за две или три години.

Само за споредба, лансирањето на ракетата Falcon 9 изнесуваше околу 60 милиони долари.

Ракетата треба да добие дозвола од федералната администрација за авијација, а Маск изјави дека не знае до каде е работата околу тоа. Постојат можности еколошката процена да биде објавена во март, а SpaceX очекува ракетата до тогаш да биде подготвена.

Извор: Klix.ba