Facebook напорно работи на мобилна апликација наречена Threads, дизајнирана да нè поттикне да споделуваме повеќе информации со најблиските. Threads ќе биде воведена како дополнителна апликација на Instagram. Откако ќе ја инсталираат, корисниците ќе можат автоматски да ги споделуваат податоците за локацијата, статусот на батеријата на паметните телефони и брзината со која се движат.

Апликацијата исто така ќе ги синхронизира постовите од социјалните мрежи како што се коментари, фотографии и линкови. Оригиналниот концепт е Threads да понуди уште поинтуитивен начин за комуникација со вашите најблиски на Instagram.

Апликацијата нуди функција за автоматско споделување информации во реално време од статусите на профилот, до времето потребно да стигнете до некоја локација, пренесува The Verge.