LG почна со продажба на својот 38WN95C-W гејминг монитор, кој е прикажан и најавен во рамките на годинашниот CES саем. Мониторот им овозможува на гејмерите Nano IPS дисплеј со одзив од 1ms, 144Hz стапка на освежување, модерни опции за конекција и NVIDIA G-SYNC поддршка.

LG 38WN95C-W има големина од 37,5-инчи, со резолуција од 3840 x 1600 пиксели и 24:10 однос на страници. Adaptive-Sync имплементацијата овозможува поддршка од AMD и NVIDIA технологиите. Панелот е закривен (2300R) и има HDR600 сертификат, што значи осветлување во HDR од 600 нита (450 нита типично осветлување).

lg2_128.jpg

Кога се во прашање опциите за конекција, мониторот нуди DisplayPort или Thunderbolt 3 приклучоци. Останатите гејминг функции вклучуваат Black Stabiliser, Dynamic Action Sync и LFC поддршка.

LG 38WN95C-W гејминг мониторот е достапен во претпродажба по цена од 1600 долари.