Американската вселенска агенција NASA ја одбра компанијата Lockheed Martin за развој на мала ракета способна од површината на Марс да понесе примероци од почвата и други материјали.
Оваа одлука на NASA претставува голем чекор во долгото патување, односно мисијата за пренесување примероци од Марс на Земјата, со цел научниците детално да ги проучуваат. Ако биде успешна, ракетата на Lockheed Martin ќе стане првата која ќе биде лансирана од друга планета.
Станува збор за ракета која ќе се развива под проектот наречен Mars Ascent Vehicle, клучен дел од планот на НАСА да донесе примероци од почвата на Марс на Земјата, собрани од роверот Perseverance.
Со децении научниците се надеваат за примероци од Марс за да дознаат повеќе за неговата површина, а едно прашање е дали некогаш постоел живот на Марс.
NASA потпиша договор со Lockheed Martin вреден 194 милиони долари, а се однесува на период од 6 години. Проектот треба да почне најдоцна на 25 февруари, а споменатата компанија треба да направи тест примероци, како и финална верзија.
Оваа работа ќе биде предизвик бидејќи ракетата треба да биде доволно мала за да ја собере во летало, а истовремено доволно цврста за да издржи на Марс.
Според процените, леталото Sample Retrieval Lander ќе слета на Марс во 2026 година, а примероците од Црвената планета ќе пристигнат на Земјата неколку години подоцна.
Извор: Klix.ba