Oppo Reno6 и Reno6 Pro 5G, кои во мај беа претставени во Кина, почнаа сега да се појавуваат и глобално, а првиот пазар за кој се објавени е Индија.

Reno6 Pro 5G пристигнува во 12GB/256GB комбинација за меморија и простор за складирање, по цена од околу 535 долари. Reno6 5G е достапен во 8GB/128GB конфигурација, по цена од околу 400 долари. Двата телефона пристигнуваат во Aurora и Stellar Black боите.

Кога се во прашање спецификациите, Reno6 Pro 5G има Dimensity 1200 чипсет, 6.55-инчен FullHD+ 90Hz закривен AMOLED екран, со сензор за отпечатоци од прсти под дисплејот и 32MP селфи камера. На задната страна се наоѓа главна камера од 64MP, а тука се и 8MP ултраширок, 2MP макро и 2MP монохромен сензор. Телефонот користи ColorOS 11.3, заснован на Android 11, а го напојува батерија од 4500mAh, со поддршка за 65W полнење.