Компанијата од Германија создаде еколошки часовник, кој е украсен со интересни материјали.

Германската компанија Kaffeeform го разви овој материјал користејќи талог од кафе, а искористен е отпад од стотици кафулиња ширум светот.

Долгогодишните истражувања и експерименти доведоа до единствена формула. На овој начин се создава издржлив, засилен материјал, кој се базира на талог од кафе и обновливи суровини.

Материјалот првпат се користеше за производство на биоразградливи чаши за кафе, наречени Weducer, кои беа претставени во јануари. Но, сега компанијата го прошири својот бизнис на рачни часовници.

Куќиштата на овие часовници се создадени од талог од кафе и други обновливи извори, базирани на растенија, а сè е засилено со биополимери.

Самите часовници се создадени во соработка со берлинската компанија Lilienthal Berlin. Моделите од оваа колекција се именувани по најпопуларните кафиња: Еспресо, Американо и Лате.