Samsung вчера ја објави Galaxy Tab S8 серијата, која се состои од вкупно три таблет уреди. Тоа се Galaxy Tab S8, Galaxy Tab S8 Plus и премиум моделот Galaxy Tab S8 Ultra. Сите таблети имаат најнов чип Snapdragon 8 Gen 1, слот за microSD картичка и поддршка за S-Pen.

Galaxy Tab S8 Ultra е најголемиот од трите модели. Неговите димензии се 208,6 x 326,4 mm, а тој е и најтенок, со дебелина од само 5,5 мм. Сепак, уредот не е многу лесен и тежи 726 грама.

Во однос на дизајнот, Galaxy Tab S8 Ultra има супериорна конструкција, со алуминиумска рамка Tough Armor (што може да ја објасни неговата тежина), метален заден дел и најтенки рамки досега на некок таблет на Samsung. За жал, иако изгледа многу убаво, доаѓа во само една боја – графит.

За да ги направи рамките на својот Ultra таблет најтенки досега, Samsung мораше да преземе драстични мерки. Како што досега претпоставувавте, засекот на овој таблет е реален и сите шпекулации беа точни.

Горниот дел на Galaxy Tab S8 Ultra може да содржи S-пенкало преку магнет. Официјалната заштитна футола  и тастатурата ќе бидат достапни и за премиум таблетот, а двата додатока имаат посебен простор за S-Pen. Доаѓаат само во црна боја, со мат финиш мек на допир.

Samsung Galaxy Tab S8 Ultra има и слот за microSD картичка. Можете да го користите за да го проширите складирањето на таблетот на 1TB. Таблетот има и четири стерео звучници кои AKG ги подеси со Dolby Atmos опкружувачки звук. Таблетот Samsung Ultra користи скенер за отпечатоци на екранот.

Најголемиот таблет во серијата Galaxy Tab S8 има и најголем екран. Samsung Galaxy Tab S8 Ultra има импресивен 14,6-инчен AMOLED екран со стапка на освежување од 120 Hz и резолуција од 2960 x 1848. Ова му овозможува да има густина на пиксели од 240 ppi.

Во засекот на дисплејот се наоѓа систем со две камери кој се состои од едноставна селфи камера од 12 MP и ултраширок сензор од 12 MP. Samsung вели дека втората е главно наменета за видео повици и новите функции за видео повици.

На задната страна ќе најдете уште еден систем со две камери. Овој пат има главен сензор од 13 MP и ултра широка камера од 6 MP. Таблетот може да снима видео со 4K 30 fps.

Во поглед на перформансите, Galaxy Tab S8 Ultra се потпира на процесорот Snapdragon 8 Gen 1. Овој флегшип чип може да биде опремен со три опции за складирање: 8 GB RAM / 128 GB, 12 GB RAM / 256 GB и премиум верзија од 16 GB RAM / 512 GB простор. Овој таблет користи Android 12 со најновиот кориснички интерфејс на Samsung, кој има многу нови функции и трикови за да ги искористите предностите на големиот екран.

Galaxy Tab S8 Ultra е прилично добро поврзан. Поддржува 5G (на мобилните верзии) и Wi-Fi 6E, а има и Bluetooth 5.2 конекција.

Што се однесува до батеријата, таа е 11.200 mAh. Тоа е прилично голема батерија дури и за таблет, а според Samsung, би требало да биде доволно за околу 15 часа репродукција на видео. Батеријата на Galaxy Tab S8 Ultra е можеби голема, но не се полни бавно. Таблетот поддржува брз жичен полнач од 45 W кој може да ја наполни батеријата за околу 80 минути.