Веќе е познато како ќе изгледа претстојниот смартфон Galaxy S22 на Samsung, но сега се појавија нови интересни информации за него.
„Новиот материјал“ што ќе се користи во процесот на производство на Galaxy S22 серијата на Samsung е всушност пластика рециклирана од фрлените рибарски мрежи. Samsung најави дека повторно ќе користи пластика собрана од океанот за целата своја палета на уреди. Прв пример се новите Galaxy уреди кои ќе бидат претставени во среда, на 9 февруари, но се уште не е познато во колкава мерка ќе се користи пластиката и за кои компоненти на уредот.
Според официјалните податоци на ОН, околу 640.000 рибарски мрежи завршуваат во океаните секоја година. Samsung истакнува дека овие рибарски мрежи претставуваат опасност за морскиот свет и коралните гребени.
„Овие фрлени рибарски мрежи алармантно брзо ја нарушуваат деликатната рамнотежа на нашата околина. Собирањето и искористувањето на овие мрежи е првиот клучен чекор во одржувањето на нашите океани чисти, како и враќањето кон зачувување на планетата за нашата заедничка иднина“, велат од Samsung.
Ова е мал чекор, но Samsung без сомнение веќе има поголеми планови.
Поврзани артикли