Голем број производители кон крајот на месецот ќе бидат присутни во Барселона, каде се одржува Mobile World Congress (MWC), во текот на кој ќе ги прикажат своите нови производи. Доста внимание ќе им биде посветено и на 5G телефоните, а голем број компании ќе ги прикажат своите модели.

OnePlus веќе неколку месеци зборува за модел со поддршка за мрежи од петтата генерација, но досега не беше прикажан на публиката. OnePlus ќе биде присутен на штандот Qualcomm, каде што посетителите на конгресот ќе можат да се запознаат со прототипот на 5G уредот.

Според официјалното соопштение, гостите на штандот ќе имаат можност да се „поврзат и комуницираат“ со заедницата преку новата технологија, а исто така да видат демонстрација на можностите за „5G гејминг“.

Засега не се познати многу работи за уредот со 5G поддршка, но Извршниот директор на OnePlus, Пит Лау истакна дека компанијата се труди да осигура цената на уредот да биде под 1000 долари.