Кинески инсајдери открија детали за техничките карактеристики на уште не објавениот модел на Xiaomi, Mi8S. Паметниот телефон кој се очекува на пазарот следната година, треба да биде подобрена верзија на моделот Mi8. Наводно, тој ќе добие ажуриран дизајн и подобар изглед.

Според информациите, Xiaomi Mi8S генерално ќе биде сличен на Mi8, но прекинот како новитет ќе биде тоа што скенерот за отпечатоци ќе биде сместен под екранот. Исто така овој модел ќе има и тројна камера со сензори од 48, 13 и 16 мегапиксели и ќе се наоѓа на задната страна. Првата, наводно ќе биде новата Sony IMX586 камера, која има можност за снимање фотографии со резолуција од 8000×6000 пиксели и снимање на видео во 4K формат со 90 фрејмови во секунда.

Xiaomi Mi8S исто така ќе добие 6,4-инчен дисплеј, процесор Snapdragon 8150, 10 GB RAM меморија и капацитет на батерија од 3700 mAh. Презентацијата на Xiaomi Mi8S ќе се одржи во март 2019 година.