Според некои претходни гласини, Apple за оваа година планира најголем број хардверски иновации досега. Се планираат и развиваат нови модели на телефони, таблет уреди, паметни часовници, лаптопи и десктоп компјутери, а се чини дека претходно најавените очила за проширена реалност ќе бидат одложени за следната година.
Според аналитичарот Марк Гурман, првите вакви нови уреди ги очекуваме за еден месец, односно во текот на месец март. Сите кои размислуваат да купат нов поефтин смартфон од Apple, како и таблет, нека се стрпат, бидејќи Apple треба да ја претстави новата генерација на iPhone SE и петтата генерација на iPad Air.
Компанијата од Купертино досега претстави два модела на iPhone SE кои се покажаа како доста успешни. Во нив беше комбиниран дизајнот на постарите генерации со нов хардвер и цена која е неколку стотици долари поевтина од модерните iPhone уреди, а истиот принцип ќе се примени и за претстојниот модел.
iPhone SE 3, според сето она што досега го прочитавме, треба да го задржи застарениот изглед (без екран од раб до раб, долниот дел ќе Touch ID, а селфи камерата нема да биде во засек), но ќе го има најмодерниот чипсет на Apple – A15 Bionic. Исто така, уште една голема новина која треба да ги привлече корисниците е поддршката за 5G.
Што се однесува до новиот iPad Air, се чини дека овој таблет ќе задржи сличен/ист изглед како неговиот претходник, додека промени може да се очекуваат под хаубата. Гласините велат дека ќе биде покренуван од A15 Bionic, ќе има екран од 10,9 инчи, една задна камера и една селфи камера со поддршка за Center Stage. Другите опции вклучуваат Touch ID интегриран во копчето за вклучување, USB-C и, за мобилните модели, поддршка за 5G.
За сите информации за овие нови модели, треба да бидеме трпеливи уште еден месец, кога Apple официјално ќе ги претстави новите модели на iPhone SE и iPad Air.