Откако неодамна имавме прилика да ги видиме рендерите за Samsung Galaxy S22 Ultra телефонот, кои ги објави дојавувачот OnLeaks, истиот извор сега нуди увид и во Galaxy S22 и Galaxy S22+ моделите.

Galaxy S22 и S22+ изгледаат слично на нивните претходници, а имаат екрани со центрирани punch-hole отвори, вертикално поставен систем на камери на задната страна и изработка од метал.

Не се објавени деталните спецификации за овие смартфони, но изворот тврди дека S22 има дебелина од 7,6 мм, екран од шест инчи и подобрен систем на камери, што го сочинуваат 50MP главен, 12MP ултраширок и телефото сензор.

Од друга страна, S22+ има дебелина од 7,6 милиметри (9,1 мм со испакнување за камерата), 6,5-инчен дисплеј и USB-C порт во дното како и кај стандардниот модел. Ниту еден од телефонот нема 3,5 мм приклучок, како што беше случај и кај нивните претходници.

Овие наводи е секако потребно да се земат со резерва, бидејќи не се официјално објавени од Samsung. Исто така, рендерите на S22+ моделот се добиени како Galaxy S22 Pro, што значи дека финалната верзија на Plus моделот би можела да има и поинаков дизајн.