Во низа твитови, познатиот познатиот Xiaomi типстер тврди дека компанијата сака повторно да го објави својот две години стар Redmi Note 8 телефон за избраните пазари. FCC листата е во склад со неговите информации со кои се потврдува паметниот телефон со број на модел M1908C3JGG.

Потврдено е дека смартфонот работи на MediaTek G85 платформата заедно со батерија од 4000 mAh и се испорачува со MIUI 12.5. Redmi Note 8 во 2019. година е лансиран со Snapdragon 665 чипсет и со истата батерија од 4.000 mAh.

Покрај тоа, серијата твитови на @Xiaomiui ја поддржуваат оваа теорија и придонесуваат со малку повеќе детали, како брзо полнење од 22,5 W (надградба во однос на 18W на актуелната Note 8) и подесување на четирикратниот камера модул со главна камера од 48MP. Просторот за складирање ќе се зголеми на 128 GB.

Засега гласините сугерираат дека телефонот ќе биде достапен на избраните пазари, вклучувајќи ги ЕУ и Русија. А можеби и останатите спецификации нема премногу да се разликуваат од оригиналниот Redmi Note 8.