Windows 11 постои веќе неколку месеци и додека оперативниот систем очигледно има недостатоци, Microsoft продолжува да ги решава во инсајдерски верзии. Иако оперативниот систем се пресели на годишно темпо на издавање, технолошкиот гигант од Редмонд објави дека Windows 11 следниот месец ќе добие надградба.
Во објава на блогот што се навраќа наназад во изминатите неколку месеци и ги прикажува плановите за она што следува, Панос Панај од Microsoft рече дека Windows 11 влегува во последната фаза на генерално претставување за компатибилните уреди. За компанијата беше охрабрувачки да гледа дека корисниците поминуваат 40% повеќе време на компјутерите со Windows 11 отколку на Windows 10. Исто така, дојде до тројно зголемување на сообраќајот на Microsoft Store.
Microsoft истакна и дека пандемијата ги променила навиките и начинот на живот на своите клиенти. Во изминатите две години, забележано е шесткратно зголемување на бројот на луѓе кои користат софтвер за онлајн комуникација, двојно зголемување на бројот на компјутери што се користат за купување и 40% зголемување на времето што луѓето го поминуваат на купување преку интернет. Во истиот правец, месечното време за играње се зголеми за 35%, додека времето поминато на услугите за стриминг содржини како Hulu, Netflix и YouTube се зголеми за 70%.
Што се однесува до она што следи, „новите искуства“ пристигнуваат на Windows 11 во февруари. Најважните детали за ажурирањето вклучуваат јавен преглед на апликациите за Android на Windows 11 преку подсистемот Windows за Android (VSA), подобрувања за таскбар, враќање на виџетот за временска прогноза во таскбарот и редизајнираните апликации за Notepad и Media Player.
Во суштина, сите работи кои инсајдерите ги тестираа во последните неколку месеци сега ќе бидат претставени на пошироката јавност. Microsoft нагласи дека се надева дека ќе поттикне уште повеќе публика со својот фокус на игрите, креативноста и метаверзумот во 2022 година и пошироко.