Американскиот тајкун Џон Мекафи, креаторот на популарната програма за безбедност на Интернет, беше пронајден мртов во затворска ќелија во Шпанија, само неколку часа откако Високиот суд ја одобри неговата екстрадиција во САД, каде му се закануваше казна затвор од 30 години за затајување данок.

Каталонското Министерство за правда објави дека сè укажува на тоа дека седумдесет и петгодишниот Џон Мекафи извршил самоубиство во затворот, пренесуваат агенциите.

Американецот беше уапсен на аеродромот во Барселона во октомври 2020 година и беше обвинет за затајување данок по налог на американските власти.

Мекафи тврдеше дека обвинувањата поднесени од американската даночна служба (ИРС) се поврзани со неговиот неуспех да се кандидира како претставник на Слободарската партија на претседателските избори во 2020 година.

Каталонската полиција во официјалното соопштение рече дека затворските службеници и болничарите се обиделе да го спасат животот на Мекафи, но не успеале во тоа.

Сепак, тие рекоа дека ќе започнат официјална истрага, иако сè укажува на самоубиство.