Се очекува дека Samsung ќе го претстави својот следен телефон со флексибилен екран (сугерирано име Galaxy Z Flip3) во текот на третиот квартал на оваа година. Концептните рендери на уредот веќе се појавија, а некои гласини укажуваат на надградби како што е дисплеј од 120Hz.

Сега на листингот се појавија батериите кои се очекуваат во претстојните флексибилни смартфони на Samsung, а сертификувани од различни агенции. Наведени се две ќелии – EB-BF711ABY со капацитет од 2370mAh и EB-BF712ABY со капацитет од 903mAh. Поголемата ќелија веројатно ќе биде сместена во долниот дел на Galaxy Z Flip3 моделот, додека другата ќе биде во горниот дел со другите клучни компоненти, како што се камерите и чипсетот.

Кога двете батерии ќе се спојат, се добива капацитет од 3273mAh, што е блиску до 3300mAh како што имаа Galaxy Z Flip и неговиот 5G модел. Ова значи дека следниот флексибилен телефон на Samsung нема да понуди надградба на капацитетот на батеријата. Од друга страна, се очекува дека Galaxy Z Flip3 ќе има уште посилен процесор и 120Hz дисплеј.

Што се однесува до дизајнот, концепт рендерите сугерираат дека смартфонот ќе има камера модул  сличен на оној на Galaxy S21 линијата, како и поголем дисплеј кој ќе биде пофункционален. Некои гласини споменуваат дека Samsung може да изостави премиум процесор од овој модел, со цел да ја задржи цената пониска и да го направи флексибилниот телефон подостапен.