По повод кинеската Нова година, Microsoft подготви специјално издание на својата конзола за игри Xbox Series S.

Станува збор за моделот наречен Year of the Tiger Xbox Series S во црвена боја со златни детали, како на самата конзола, така и на контролерот. Кинеската нова година се слави на 1 февруари, со што се означува влегувањето во Годината на тигарот, а црвената и златната боја се сметаат за „среќни“.

Конзолата ја краси цртеж на тигар во црна боја, кој е дело на уметникот Bu2me.

Специјалниот Xbox Series S навистина изгледа прекрасно, но Microsoft има произведено само 15 примероци.

Компанијата претходно понуди специјални верзии на своите конзоли, меѓу кои се 20th Anniversary, Xbox Design Lab, Halo Infinite и други.