По претходно објавените две бои на безжични контролери за PlayStation 5 конзолата, добиваме три нови бои: Nova Pink, Starlight Blue и Galactic Purple.

Новите бои на DualSense контролерот од денеска и официјално се достапни на јавноста, а PlayStation соопшти дека се се работи за бои кои биле и „гласот на корисникот“.

„Заедно со претходно објавените бои Cosmic Red и Midnight Black, најновите бои на DualSense безжичниот управувач, инспирирани од галаксијата, сега се достапни во трговците на мало и се нов член на PS5 семејството на додатна опрема во боја“, истакнаа од PlayStation.

DualSense безжичните контролери за PS5 нудат допирни повратни информции, адаптивни прекинувачи и вграден микрофон, и сето тоа интегрирано во познатиот култен дизајн.

Новите бои наидоа на воодушевување на љубителите на PlayStation 5 конзолата, а во следниот период се шпекулира дека би можеле да бидат достапни и конзоли во special изданија.