Во однос на автономијата, камионот на Baidu е опремен со Highway Intelligence System кој вклучува 11 вградени камери…

Кинескиот интернет гигант Baidu сака да го зголеми своето присуство во автомобилската индустрија со лансирањето на Xingtua, целосно електричен тежок камион дизајнирани од Pininfarina со напредни автономни карактеристики.

Xingtu е лансиран преку подружницата на Baidu, DeepWay и има особено низок коефициент на отпор од 0,35. DeepWay забележува дека е опремен со масивни батерии од 450 kWh и со целосно оптоварување од 49 тони може да помине до 300 километри со едно полнење. Компанијата додава дека батеријата може да се полни за само еден час, а поддржува и замена на батеријата, при што новата батерија може да се инсталира за само шест минути.

Во однос на автономијата, камионот на Baidu е опремен со Highway Intelligence System кој вклучува 11 вградени камери, еден инфрацрвен детектор, радари со 5-милиметарски бранови и LiDAR сензор. Дизајниран е и да нуди „end-to-end“ автономно возење.

Надворешниот дизајн на камионот веднаш привлекува внимание бидејќи е елегантен во споредба со секој друг камион моментално на пазарот. Напред се наоѓа сет од вертикални фарови надополнети со LED светлосна лента која се протега преку ширината на решетката.

Камионот е опремен и со пар мали странични ретровизори, а дополнителен придонес за нискиот коефициент на отпор се капаците на предните тркала и фактот што сите други тркала се покриени со каросеријата. Внимание привлекува и задниот дел на камионот благодарение на LED задните светла кои се протегаат околу надворешниот раб на вратата која се вовлекува.

Pininfarina работела и на ентериерот кој се разликува од кој било друг камион. За почеток, Xingtu користи волан со два крака сместен директно пред голем екран кој се протега преку ширината на контролната табла. Тука се и малите екрани во рачките на вратите, екраните на А-столбовите и екран над шофершајбната. Достапна е и клупа во вториот ред.

DeepWay не потврдува дали Xingtu ќе влезе во производство, но вели дека ќе продолжи „да се фокусира на истражување, развој и производство на паметни нови тешки камиони и да промовира комерцијализација на технологијата за автономно возење од ниво 4 во кинеската товарна индустрија во наредните години“.

Извор: Додај Гас