Социјалната мрежа за споделување фотографии и видеа започна со тестирање на опцијата за приватни лајкови на приказни (Instagram Story), но моментално ограничен број на корисници ја имаат оваа опција.

Instagram потврди дека оваа функција не е широко достапна и дека е видлива за помал број корисници во оваа фаза и додаде дека конечниот број на лајкови е видлив само за тие што ја објавила приказната и не сакаат оваа нотификација да биде јавна.

„Секогаш работиме на начини да помогнеме во поврзувањето на луѓето. Ги тестираме лајковите на приказните, а тоа е начин луѓето да реагираат на приказните, а реакцијата да е видлива само за авторите“, изјави за TechCrunch портпаролот на Instagram.