Grand Theft Auto V продолжува да се продава добро ширум светот.

Популарната игра Grand Theft Auto V забележа уште едно достигнување. Беа испорачани 190 милиони копии од играта, со што целата GTA франшиза достигна 410 милиони испорачани копии.

Така, GTA 5 продаваше пет милиони примероци по квартал, четири последователни квартали.

Благодарение на изданијата на различни платформи, вклучително и неодамнешните порти за PS5 и Xbox Series X/S, GTA 5 имаше силно присуство во малопродажбата во изминатите 10 години, од објавувањето на играта во 2013 година.

Студиото Roskstar може да ни понуди повеќе информации за следната игра од серијата – Grand Theft Auto VI – за која се „шпекулира“ дека ќе го добие првиот трејлер во текот на декември.