Популарниот сервис на Google направи голем напредок во бројот на инсталации.

Во моментов, бесплатната услуга за размена на електронска пошта на Google е еден вид интернет институција, а апликацијата Gmail на Android има забележано повеќе од десет милијарди инсталации на Play Store.

Секако, неопходно е да се нагласи дека Gmail доаѓа однапред инсталиран на голем број Andrоid уреди, но тоа не го намалува постигнатиот резултат.

Gmail е само една од неколкуте апликации на Google кои веќе надминале 10 милијарди инсталации. Во ова друштво се вклучени и Play Services, YouTube, Maps и Search.

Останува да видиме која следна апликација за Android ќе достигне 10 милијарди инсталирани копии, а еден од најголемите кандидати е Chrome.

Кога станува збор за апликации кои не се од екосистемот на Google, Facebook би можел прв да го постигне споменатиот број на инсталации.

Извор: B92.net