Според новиот извештај, темпото со кое Microsoft објавува нови верзии на Windows се забавува, но темпото со кое Microsoft објавува нови функции на Windows се засилува.

Со други зборови, Windows 12 може да се очекува во текот на 2024 година. Новиот извештај од веб-страницата Windows Central ги открива плановите на Microsoft да се врати на испорака на нови верзии на Windows на секои три години, слично на она што се случи со верзиите на Windows Vista, 7 и 8.

Ова сугерира дека Microsoft се откажа од ажурирањето со кодно име Sun Valley 3, кое корисниците го очекуваа некаде во 2023 година. Наместо тоа, Microsoft планира да издаде нов Windows во текот на 2024 година.

Во јуни, Microsoft започна со испорака на 22H2, или Sun Valley 2, ажурирање што имплементираше голем број промени во оперативниот систем на компанијата. Има ново Start мени, редизајниран Task Manager и нов File Explorer.

Новиот распоред за издавање на Microsoft покажува дека корисниците на оперативниот систем ќе добиваат главни и основни функции еднаш годишно, а нов Windows ќе се издава на секои три години. Затоа, верзијата на Windows 12 би можеле да ја видиме во 2024 година, откако Windows 11 ќе биде објавен во текот на 2021 година.

Официјални информации од Microsoft за споменатите планови нема, но можно е компанијата да го одложи објавувањето на некои функции кои се планирани за Windows 11 и да ги префрли на новата верзија на оперативниот систем.