Кина го реализираше најбрзиот светски пренос во реално време за терахерц безжична комуникација (THz), која е 10 до 20 пати поголема од 5G мрежата, објави Purple Mountain Laboratory.
Со домашно развиениот систем за безжична комуникација од 360-430 GHz, високотехнолошката лабораторија во Нанџинг, главниот град на источната кинеска провинција Џиангсу, постигна 6G-ориентирани 100-200 Gbps (гигабити во секунда) THz во реално време, пренесува “CRI онлајн“.
Џу Ксиаоху, главен истражувач на лабораторијата, истакна дека технологиите за пренос на терахерци се основни за 6G мрежите и ќе бидат широко користени за да се реализира побрз пренос во новите типови на апликации како што се AR, VR и метаверс.
„Покрај тоа, терахерц-технологиите можат да се користат интензивно во комуникацијата во вселената и помеѓу сателитите, за на крајот да се реализираат интегрирани комуникации простор-земја-море“, додаде тој.
Kina je realizovala najbrži svetski prenos u realnom vremenu za teraherc bežičnu komunikaciju (THz) koji je 10 do 20 puta veći od 5G mreža, objavila je Laboratorija Purple Mountain.