Во САД деновиве гневни толпи се судираат со полицијaта и разграбуваат разни бизниси поради полициското убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд. Меѓу ограбените продавници се и оние на Apple.

Американските медиуми јавуваат дека биле ограбени неколку вакви продавници на мобилните телефони iPhone. Крадците изнеле огромен број на Ајфони, но не требаше многу за компанијата Apple да одговори на беззаконието.

По социјалните мрежи се појавија фотографии дека украдените телефони автоматски се блокирани и на нив се појавуваат соопштенија да бидат вратени.

Компанијата моли да се вратат незаконски добиените телефони во продавницата и предупредува дека ќе го лоцира местото на телефонот со пренос на информација до властите.

Apple веќе неколку години поседува одлична заштита од крадци. При кражба на мобилен телефон од продавницата, гаџетот автоматски се блокира и станува бескорисно „железо“.