Според наводите на различните индустриски извори, падот на цената на 5G хардверот ќе продолжи и во текот на втората половина оваа година. Спротивно на тоа, цените на 4G чиповите ќе продолжат константно да растат во текот на истиот период.

Објаснувањето на ваквата ситуација е едноставно – побарувачката за 4G чипови и натаму е голема, но нивните залихи се послаби.

Не е тајна дека производителите се фокусираат на производство на хардвер кој е компатибилен со 5G технологиите, а Qualcomm и MediaTek сега ги нудат своите 5G решенија во сите ценовни сегменти. Тоа влијае на отфрлање на 4G сегментите и зголемувањето на нивните цени.

Од друга страна, бидејќи најголем дел од пазарот и натаму користи 4G, овие телефони сега им донесуваат поголема маржа на продавачите, надминувајќи го профитот што го има 5G. Изворите од Кина сугерираат дека побарувачката за 5G телефони ќе остане стабилна во текот на следните 2-3 години, а ќе се дуплира секоја година.