На Facebook најверојатно ќе му требаат „неколку години” за да ги реши проблемите што беа откриени со скандалот поврзан со „Кембриџ аналитика“ за пропустите на социјалната мрежа при заштитата на личните податоци на корисниците, изјави основачот на компанијата Марк Цукерберг.

– Еден од главните проблеми на Facebook е неговиот „идеализам”, бидејќи тој долго време ги гледаше само добрите аспекти на интернет-врската меѓу луѓето, рече Цукерберг.

Во интервјуто за сајтот „Вокс“ сопственикот на Facebook истакна дека социјалната мрежа потрошила доволно време за да инвестира или да размисли за лошите аспекти на користење на некои од нејзините алатки. – Мислам дека луѓето, сега со право, се фокусираат на некои од ризиците и лошите страни, додаде тој.

– Мислам дека ќе го решиме овој проблем, но ќе бидат потребни неколку години. Јас би сакал да ги решам сите овие прашања за три или четири месеци, но мислам дека вистината е дека ќе биде потребно повеќе време за решавање на некои од овие прашања, истакна Цукерберг.