Зимските олимписки игри во Пекинг полека се приближуваат, а Samsung го претстави „олимпиското издание“ на својот паметен телефон на преклоп наречен Galaxy Z Flip 3 Olympic Games Edition.
Ексклузивниот Z Flip 3 доаѓа во новата Winter Dream бела боја и има златни украси на рамката и шарките, додека делот за секундарниот екран е црн. Веднаш под логото на Samsung на дното на уредот е логото на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Уредот доаѓа и со посебна тема и позадини, икони и дизајн на часовник инспириран од спортскиот настан.
Flip 3 Olympic Games Edition има 8GB RAM и 256GB внатрешна меморија, а неговата цена во Кина изнесува 1.258 долари. Нарачките веќе се прифаќаат, а продажбата официјално започнува на 15 јануари.
Зимските олимписки игри во Пекинг ќе се одржат од 4 до 20 февруари.