Извештајот кој го објави @omegaleaks, тврди дека Apple оваа годоина ќе објави премиум iPhone со цена под 600 долари. Според наводите, компанијата планира да понуди 4G варијанта на 5,4-инчниот iPhone 12 модел по цена од 549 долари. Доколку претходните гласини се покажат точни, Apple планира да го позиционира iPhone 12 во пет различни ценовни сегменти.

Новите информации се поклопуваат со она што претходно го објави @Jon_Prosser на Twitter, прикажувајќи дека цените на iPhone 12 ќе изнесуваат 649, 749, 999 и 1099 dolara. Се очекува дека Apple ќе ја претстави iPhone 12 линијата во текот на септември или октомври, додека масовното производство на телефонот се очекува во јули.

Ќе постојат три големини, а со најновите вести се очекуваат пет варијанти на уреди. Од најевтиниот до најскапиот модел, ќе постојат: LTE 5.4-инчен iPhone 12 ($549), 5G 5.4-инчен iPhone 12 ($649), 5G 6.1-инчен iPhone 12 ($749), 6.1-инчен iPhone 12 Pro со три камери ($999) и 6.7-инчен iPhone 12 Pro Max ($1099).