Samsung го објави кернел кодот за Galaxy S20 телефоните кои ги покренуваат Exynos чипови , што на сајтот XDA-Developers му овозможи овој код подобро да го испита. Откриени се назнаки за Galaxy Note20, Galaxy Fold 2 и телефонот кој е поврзан со Z Flip моделот.

Galaxy Note20, наводно, го користи кодното име “Canvas”, што значи дека е C2 Note модел. Не е познато дали ќе постојат и C0 и C1. Тука е и ознаката за „Кона“, што е ознака за Snapdragon 865 чипсет, кој константно се појавува во бенчмарк тестовите. Ова сугерира дека доколку постои 865+ чип подоцна во текот на годината, Samsung нема да го користи (компанијата не го користеше ни 855+ на Note10 серијата).

Потоа, ја имаме ознаката за WIN2, односно Winner 2, кој е наследник на Galaxy Fold. Овој модел, исто така, пристигнува со Snapdragon 865, вклучувајќи ја и Европа (исто како и Galaxy Fold минатата година).

На крајот, Zodiac Project изгледа е референца за Galaxy Z Flip. Телефонот го користи Snapdragon 855 како оригинален модел и веројатно во прашање е само верзија за Кина.