Microsoft неодамна објави известување на постоењето на новооткриен баг во Windows 11.
Според официјалните информации, проблемот се појавува на одредени HDR дисплеи, кога се користат одредену програми за обработка на фотографии и видео.
Проблемот се одразува во некомпатибилноста со прикажувањето на боите на Win32 API во одредени услови, а најмногу се манифестира во работата со бела боја.
Сепак, Microsoft не е сигурен што го започнал проблемот. Можно е багот да постоел од почеток, па дури сега почнал да се манифестира.
Корисниците погодени од овој проблем ќе мора да бидат трпеливи додека Microosft не ја објави закрпата најавена за јануари.