Sega најави пет нови видео игри од своето класично издание.

Како што рекоа од Sege за време на The Game Award церемонијата, нови видео игри од сериите Jet Set Radio, Shinobi, Golden Axe, Streets of Rage и Crazy Taxi се во развој.

Иако немаме официјални датуми или конзоли за кои ќе бидат објавени игрите, видовме трејлери. Покрај тоа, Sega навести дека повеќе игри се во развој, но не ги именувале.

Некои од овие култни наслови не добиле продолжение долго време. Така, Jet Set Radio Future излезе за Xbox во 2002 година, Golden Axe го доби последниот дел во 2008 година, а Shinobi во 2011 година. Исто така, Crazy Taxi го доби своето последно продолжение за конзолите токму за Xbox, а тоа беше пред 21 година.

Единствената видео игра на оваа листа која го доби својот последен дел релативно неодамна е Streets of Rage, бидејќи SoR 4 излезе во 2020 година.