„Дух“ е соодветно име за авион дизајниран да биде речиси невидлив, но дури и најдобрата стелт технологија на бомбардерот Б-2 очигледно не може да се сокрие од сателитите на Google Еarth, пренесува Daily Mail.

Стелт-бомбардерот Б-2 е снимен на сервисот Google Earth додека летал над фарма во Мисури, објави РТС, повикувајќи се на порталот Military Times.

Авионот вреден две милијарди долари го забележал корисник на Редит, кој го споделил на социјалните мрежи, неговата објава привлече големо внимание, лајкувана 110.000 пати, а подолу биле оставени повеќе од 3.000 коментари.

На видеото се гледа како бомбардер Б-2 лета над рурална област западно од Канзас Сити, што не е премногу чудно со оглед на тоа што воздухопловната база Вајтмен се наоѓа на околу 30 километри јужно.