Xiaomi Mi 11 неодамна беше објавен на глобално ниво, а премиум телефонот пристигува со неколку интересни функции. Една од нив е Ultra Night Video, кое е главна тема на најновото промотивно видео на кинескиот производител.

Промо видеото за Xiaomi Ultra Night Video покажува снимка од џез-трио на сцена. По сигналот на тапанарот, светлата се затемнуваат и Xiaomi Mi 11 започнува да снима во Ultra Night Video режим. Под услов да не се користени никакви трикови, смартфонот креира остри и јасни снимки во услови на слаба осветленост.

Xiaomi Mi 11 го карактеризира 108MP главна камера на задната страна, 13MP ултраширокa, макро камера од 5MP, како и селфи сензор од 20MP. Телефонот го покренува најновиот 5nm Snapdragon 888 премиум чипсет, а има 6,8-инчен дисплеј со брзина на освежување од 120Hz. Телефонот користи Android 11, со MIUI 12.5 кориснички интерфејс, а го напојува батерија од 4600mAH, со поддршка за 50W безжично полнење.