Apple веќе неколку години се потпира на сензори од 12MP за главните камери на своите паметни телефони. Ова конечно ќе се промени во iPhone 14 Pro серијата, бидејќи компанијата од Купертино има за цел да инсталира сензор од 48MP во главната камера, тврди аналитичарот Минг-Чи Куо.
Сензорите од 48MP сè уште емитуваат фотографии од 12MP по спојувањето на пикселите, но овозможуваат да се соберат повеќе податоци за компјутерска фотографија. Куо претходно тврдеше и дека iPhone 14 Pro моделите може да поддржуваат излез од 48 мегапиксели и 12 мегапиксели, што веројатно ќе би се постигнало со процесот познат како бинирање на пиксели. Веќе во употреба кај некои паметни телефони со Android, како што е Samsung Galaxy S21 Ultra, спојувањето на пиксели може да му овозможи на iPhone 14 Pro да снима фотографии од 48 мегапиксели при светли и фотографии од 12 мегапиксели во услови на слаба осветленост за да го зачува квалитетот.
Компанијата потоа ќе премине на воведувањето на уште една широко користена технологија за паметни телефони – перископ леќа. Меѓутоа, оваа технологија би можела да дебитира дури на iPhone 15, кој треба да пристигне во 2023 година, пренесува MacRumors.
За жал, аналитичар нема повеќе информации за ова. Во овој момент, телефото камерата на iPhone 13 Pro Max достигнува 3x, но ништо повеќе не би се вклопило во модерен тенок смартфон без употреба на „преклопена“ оптика.
Поврзани артикли