Веќе некое време кружат гласини за подостапниот Galaxy S20 Fan Edition на Samsung, а сега се појави информација дека овој уред се очекува во октомври.

Познатите типстери OnLeaks и Pricebaba објавија рендери за кои тврдат дека го прикажуваат Galaxy S20 FE (Fan Edition) 5G. Уредот наводно има 6,4-инчен дисплеј, модул на камерата со познатиот изглед и други детали карактеристички за моделот S20, но задната страна е направена од пластика наместо од стакло. Како што е случај со основниот Galaxy Note 20, поради цената е жртвувано премиум чувството.

Samsung веројатно заштеди на меморијата и камерите како што тоа го направи со моделот Galaxy S10 Lite, но постои можност купувачите на новиот уред да не мораат да се задоволат со полош процесор. Исто така, тоа важи и за екранот со фреквенција за освежување од 120Hz, а ограничувањата веројатно се однесуваат на намалување на RAM меморијата на 6 до 8 GB, поскромни камери, вклучувајќи ја главната камера од 12, ултраширока од 12 и телефото од 8 MP со оптички зум. Уредот би требало да го напојува батерија од 4.500 mAh.

Galaxy S20 Fan Edition се очекува на јужнокорејскиот пазар во октомври по цена од 750 долари, а можно е дека ќе биде достапен и надвор од оваа земја.