Минатата недела, на Twitter е забележан промотивен постер за Realme C11, кој дополнително го потврди постоењето на уредот. Сега Realme одделението во Малезија официјално најави дека Realme C11 смартфонот ќе биде претставен во текот на онлајн настан на 30. јуни.

Според неодамнешниот тизер на кинеската компанија, Realme C11 ќе биде првиот телефон на светот кој ќе го покренува новиот Helio G35 чипсет. Истиот процесор би требало да се наоѓа и во претстојниот Redmi 9C модел.

Кога е во прашање дизајнот, Realme C11 ќе има дисплеј со засек и дијагонала од околу 6,7 инчи. На задната страна се очекува систем со две камери и LED блиц. Смартфонот ќе работи со 5000mAh батерија, а не се познати деталите за количеството на RAM меморија и просторот за складирање.