J D. Power, американска фирма за анализа на податоци и информации за потрошувачите, во нова студијата заклучува дека повеќе од една третина од напредните технологии во новите автомобили биле користени од помалку од половина сопственици во текот на првите 90 дена од сопственоста на возилата.

Според студијата, 61 процент од испитаниците рекле дека никогаш не ја користеле технологијата за дигитална продавница во возилата, додека 51 процент рекле дека нема потреба од тоа.

„Цените на новите возила се повисоки од било кога, делумно поради зголеменото ниво на содржина во нив“, вели извршниот директор на Ј.D. Power, Кристин Кулиџ, и дополнува дека многу од нив воопшто не се користат.

Исто така, многу технологии не функционираат онака како што изјавиле производителите и корисниците имаат многу проблеми со нив. Технологиите за управување со гестови носат многу проблеми, сопствениците пријавуваат 41 проблем на 100 возила. За да се стави ова во перспектива, технологијата за возење со една педала на некои електрични возила добила многу високо ниво на задоволство, а сопствениците исто така пријавија само 8 проблеми на 100 возила.

Tesla неофицијално го има највисокиот резултат во студијата, со резултат 668 на индексот за иновации на скала од 1.000 поени, но бидејќи производителот на автомобили не му дозволува на J D. Power да анкетира сопственици во 15 избрани американски држави, неговиот резултат не е официјален. Затоа Genesis генерално е прв во премиум сегментот со рејтинг од 634. Потоа следуваат Cadillac со 551, Volvo со 550, BMW со 545 и Mercedes-Benz со 523. Hyundai е прв во најмасовниот пазарен сегмент со рејтинг од 519, пред Kia со 510, Nissan со 502, Subaru со 499 и GMC со 498.

Студијата за индекс на технолошко искуство на J D. Power се базира на одговори од 110.827 сопственици на возила од 2021 година, кои биле анкетирани по 90 дена сопственост на возилото. Студијата го зема предвид нивото на усвојување на нови технологии за секој бренд и извонредност во примената. Исто така, се испитува колку сопствениците ја сакаат технологијата и колку проблеми имаат кога ја користат.