Консумирањето алкохол има многу негативни влијанија на здравјето и организмот како што се нарушување на сонот, дебелеење и оштетување на џигерот.

Сè поголем е бројот на истражувањата кои покажуваат дека алкохолот негативно влијае и на мозокот.

Истражувањето од 2018-та година покажува дека 10 милилитри алкохол неделно ја зголемува можноста за заболување од деменција.

Сега новото истражување покажува дека алкохолот го поттикнува стареењето на мозокот и тоа секој грам алкохол за 0.02 години што приближно би значело една седмица.

Истражувањето било спроведено на 17.308 луѓе на старост од 45 до 81 година, а според нивниот пример бил програмиран компјутер кој ја мери длабочината на нивниот мозок. Резултатите покажуваат дека алкохолот навистина го поттикнува стареењето на мозокот.

Влијанието на цигарите всушност е значително поголемо. Луѓето кои дневно пушат по една кутија цигари имаат мозок постар за шест до седум седмици.

Ова истражување не значи деа алкохолот не смее воопшсто да се консумира туку експертите препорачуваат неговото консумирање да биде во умерени количини.