Компанијата Oppo работи на камери поставени под екранот уште од 2019 година, а сега патентираше еден уред со ова решение.
Oppo патентираше уред кој има предна камера сместена под екранот, но и мал дисплеј на задниот панел. Овој екран ќе биде поставен веднаш до модулот на задната камера. Се уште не е познато дали уредот ќе биде дел од Find X4 серијата.
Податоците поврзани со патентот означуваат заоблен екран на сите четири страни, како и квадратен модул на задната камера со четири сензори.
Секундарниот екран веројатно ќе помогне при креирањето селфи фотографии и ќе прикажува известувања. Секундарниот екран сместен покрај камерата го видовме со доаѓањето на Meizu 7 Pro серијата, а неодамна системот го усвои и Mi 11 Ultra, па овој паметен телефон овозможува креирање селфи фотографии со главната камера.