OnePlus 10 серијата на паметни телефони ќе биде претставена во текот на првиот квартал од 2022 година, а сигурни кинески дојавувачи ги открија првите детали.

Digital Chat Station ги објави првите детали за OnePlus 10 Pro моделот, кој ќе дели многу спецификации со својот претходник, но ќе има подобра селфи камера и ќе поддржува брзо полнење од 80 W.

Новиот модел, наводно ќе ја наследи 6,7-инчната LTPO AMOLED стапка на освежување од 120 Hz од OnePlus 9 Pro, како и punch-hole отворот за предната камера сместен во горниот лев агол. Сепак, тука ќе се наоѓа камера од 32 MP.

Одзади ќе има широка камера од 48, ултраширока од 40 и 3х телефота камери од 8 MP, кои се веќе познати благодарение на претходниот модел, но тоа би можело да бидат нови сензори.

Уредот ќе поддржува и безжично полнење на батеријата од 50 W.