HP неодамна го претстави својот прв лаптоп што ја користи Radeon RX 6000M графичката карта, а во прашање е Omen 16 2021. Покрај тоа што е прв модел со споменатата графичка карта, ова е и прв 16-инчен Omen лаптоп.

HP Omen 16 лаптопот пристигнува со процесор до Intel Core i7-11800H или AMD Ryzen 9 5900HX моделот. Кога се во прашање меморијата и складирањето, ќе бидат достапни до 32GB DDR4-3200 RAM и до 1TB PCIe Gen 4×4 SSD или до два 1TB PCIe SSD во Raid 0.

hp2_63.jpg

Ќе постојат и други GPU опции, кои се во рамките на Nvidia понудата и одат до RTX 3070 графичките карти. Од друга страна, за AMD варијантите се очекуваат графички карти до RX 6700M моделот.

hp3_7.jpg

Покрај Omen 16 моделот, HP го претстави и Omen 17. Овој лаптоп пристигнува со поддршка до RTX 3080 16GB GPU и до Intel Core i9-11900H CPU. Тука е и HP Victus, кој пристигнува ккао достапен гејминг лаптоп и има RTX 3060 6GB или Radeon RX 5500M GPU, односно Core i7-11800H или Ryzen 7 5800H CPU.