Samsung ќе ја претстави Galaxy S22 серијата на почетокот на следната година, а новите информации се појавуваат се побрзо и почесто. Најновите детали за оваа серија ги откриваат опциите за боја и меморија за претстојното флегшип трио.

Дојавувачот Snoopy Tech, кој тврди дека има информации од продавачите, откри дека нема значајни промени во споредба со S21 уредите – стандардниот и Plus моделот добиваат 8GB RAM, додека опциите од 12GB и 16GB се резервирани само за Ultra.

Galaxy S22 и Galaxy S22+ ќе бидат објавени во црно-бела, розово-златна и зелена боја, додека Galaxy S22 Ultra ќе добие зелена и црно-бела верзија, а третата опција е темно црвена.

Ќе има и разлики во складирањето на податоците, бидејќи Galaxy S22 и Galaxy S22+ ќе имаат избор помеѓу 128GB и 256GB. Од друга странам, S22 Ultra ќе биде достапен во верзии од 256GB и 512GB.

Поминаа речиси две години откако го видовме флегшип моделот на Samsung со простор од 1TB, кога корејскиот гигант го лансираше Galaxy S10+ Performance Edition. Очигледно дека интересот не бил доволно голем за да го оправда продолжувањето на воведувањето на толку големо складирање.