На неодамнешниот настан во Кина, Huawei ги објави и VR Glass 6DoF паметните очила. Се работи за очила за виртуелна реалност за игри со два наменски контролери. Овој хедсет нуди двоен LCD екран од 2,1 инчи со резолуција за секое око од 1600 x 1600 пиксели и бинокуларна резолуција од 3200 x 1600 пиксели.

VR уредот е тежок 188 грама и има видно поле од 90 степени. Двете леќин се прилагодливи за корисниците со диоптрија до -7,00.

Huawei VR Glass 6DoF ќе се продава по цена од 627 долари, а првата продажба во Кина ќе почне на 26. ноември.

Huawei ги претстави MateStation X мониторот и 2-во-1 уредот MateBook E