Samsung има големи очекувања од 2022 година, и тоа не само поради Galaxy S22 паметните телефони. Слушнавме многу шпекулации за Galaxy Tab S8 серијата, а сега имаме некои детали за таблет уредот, како и информации за плановите на Samsung за нови безжични слушалки, паметни часовници и лаптопи во 2022 година.
Според корејскиот TheElec, одделот за безжичната бизнис дивизија на Samsung наводно разговарала за своите деловни планови за 2022 година со најмногу триесет главни јужнокорејски партнери, со детали за распоредот и датумите на производство.
Информациите, кои дојавувачот FrontTron ги организираше во табела, откриваат четири варијанти на Galaxy Tab S8: Lite модел, стандардниотѕ Tab S8, Tab S8+ и Tab S8 Ultra. Предвидено е членовите на Premium Tab S8 серијата да бидат во производство во вториот квартал на 2020 година, додека варијантата Lite ќе биде објавена во четвртиот квартал.
Според информациите, Samsung планира да произведе 1,6 милиони Tab S8 Lite примероци и 1,2 милиони Galaxy Tab S8 уреди. Plus и Ultra варијантите би требало да бидат произведени во помал број, со 900.000 и 400.000 примероци.
Можеме да очекуваме и дека два таблет уреда од почетно ниво, Tab A8 и Tab A7 Lite, ќе бидат пуштени во продажба помеѓу Q1 и Q4 2022 година во многу поголеми количини од премиум таблети уредите, по 11 милиони уреди.
Samsung има намера да произведе 4,8 милиони примериоци од Galaxy Watch5 во K4 во категоријата паметни уреди за носење. Во временската рамка Q2-Q3, се очекуваат и Galaxy Buds Pro2 и Buds Live2. Samsung планира да произведе 3,3 милиони Buds Live2 и 3,1 милиони Buds Pro2 слушалки.
Поврзани артикли