Huawei P30 е присутен со месеци на пазарот, а наскоро може да ја добие и својата подобрена верзија. Листата на TENAA покажува телефон кој е речиси идентичен со априлскиот модел, но наместо 6GB или 8GB RAM, има 12GB меморија.

Опциите за складирање податоци, како и останатите спецификации на телефонот, остануваат непроменети. Тука се Kirin 980 чипсетот, меморијата за складирање податоци од 65GB до 256GB, 4200mAh батерија, Android Pie, SuperSensing 40M Lecia Triple Camera систем и 30MP селфи камера.

Новата верзија на смартфонот, исто така, има поинакво име на модел – ELE-AL00m. Во овој момент не е познато дали верзијата на телефонот на Huawei P30 со повеќе меморија ќе биде достапна надвор од Кина.