Oppo Reno7 серијата е подготвена за лансирање на 25. ноември во Кина. Пред лансирањето, протекоа цените на Reno7, Reno7 Pro и Reno7 SE заедно со целосните спецификации на Reno7 SE и Reno7 Pro моделите. Сега, најновото протекување непосредно пред лансирањето ни дава повеќе детали за камерата на Reno7 серијата.

Според извештајот од Gizmochinа, Oppo Reno7 ќе биде првиот телефон во светот кој ќе има Sony IMX709 Cat-eye сензор, а се очекува дека ова ќе бидe селфи камерата на Reno7 и Reno7 Pro. Во извештајот дополнително се додава дека Oppo тврди дека Sony IMX709 заедно со својата RGBV технологија на слика може да фотографира со 60% зголемување на чувствителноста на светлина и истовремено го намалува шумот за 35 проценти.

Според последните информации, се очекува дека флегшип моделот Oppo Reno7 Pro ќе има селфи камера Sony IMX709 од 32 MP на предната страна. Покрај тоа, Reno 7 серијата, исто така, целосно ќе ја искористи камерата на задната страна. Твитот објавен од од објавувачот Абхишек Јадав откри дека Oppo Reno7 серијата ќе има уникатно LED осветлување околу испакнувањето на камерата, кое веројатно ќе делува како LED светло за известувања или може да биде и корисен индикатор на полнењето.

Што се однесува до другите спецификации, Reno7 Pro доаѓа со 6,5-инчен FHD+ AMOLED екран. Го покренува Snapdragon 888 чипсет заедно со до 12GB RAM и 256GB простор за складирање. Се наведува дека телефонот има главен 50MP Sony IMX 766 сензор, ултраширок Sony IMX 355 сензор од 8MP и макро сензор од 2MP. Што се однесува до цената, Oppo Reno7 Pro ќе чини 599 евра за варијантата од 8GB + 256GB.