Фармацевтската компанија „Фајзер“ објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 дава силен имунолошки одговор против Ковид-19. Ова го покажало истражувањето на вакцината кај деца на возраст од 12 до 15 години.

Од компанијата потенцираат две дози се 100 отсто ефикасни против Ковид-19 врз основа на мерењата направени четири месеци по примањето на втората доза.

„Фајзер“ планира, по анализата на долгорочните податоци, да аплицира за целосно одобрување на вакцината за оваа возрасна група во САД и во светот.